Доколку ви се потребни податоци за телефонскиот број на некој корисник или име и презиме и адреса, саканата информација можете да ја најдете:

  • Со пребарување на електронското издание на телефонскиот именик преку оваа web страница 
  • Со јавување на телефонскиот број 188 на службата за информации
  • Од печатените изданија на телефонскиот именик


Електронското издание на телефонскиот именик ви овозможува бесплатно пребарување низ телефонскиот именик на Македонски Телеком според: телефонски број, адреса, име и презиме.


Презиме Адреса
Име Град

Град Број



Воведената комбинација на давање на информации за корисниците (телефонски број или име), со оператор и говорен автомат, ви овозможува побрз и поедноставен пристап до услугата.  
Службата 188 е на располагање на корисниците 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Откако ќе го завртите бројот 188 и ќе ја слушнете воведната порака, следете ги инструкциите од говорниот автомат:

  • Ако го знаете името и презимето или адресата на корисникот и сакате да добиете информација за телефонскиот број треба да го притиснете копчето 1 на вашиот телефон.

Откако ќе притиснете 1 ќе ви се јави оператор на кого треба да му ги кажете податоците (име, презиме, име на фирмата, град, или адреса) по што информацијата за бараниот број ќе ја добиете од говорниот автомат.
Доколку сакате бараниот број да го слушнете уште еднаш имате можност со притискање 1, говорниот автомат да ви го каже бројот повторно.
Откако ќе го добиете бараниот број, системот во овозможува поврзување со тој број, едноставно со притискање 2 на вашиот телефон. Оваа услуга Бирање преку системот за информации 188 може да ја користат само корисници кои немаат забрана за бирање национален или локален сообраќај. Користењето на услугата (поврзувањето) е бесплатно, а извршениот разговор со бараниот број се наплаќа согласно типот и времето на повикот (исто како повикот да бил остварен со вообичаено бирање).

  • Ако го знаете телефонскиот број, а барате информација за името на корисникот или адресата, притиснете 2 и следете ги инструкциите од говорниот автомат.

Телефонскиот број треба да го внесете заедно со соодветниот повикувачки број за градот (подрачјето)
( 02 xxxx xxx  или 046 xxx xxxx  ... ) со притискање на копчињата од вашиот телефон.
Доколку го внесете погрешно бројот (на пример внесете помалку од 9 цифри) тогаш говорниот автомат ќе ве предупреди да го внесете бројот уште еднаш.
Откако ќе го внесете бројот правилно, ќе ви се јави оператор да ви ја каже информацијата за името на носителот на тој телефонски број, а на ваше барање и адресата.

Со еден повик кон бројот 188 може да се добијат податоци само за еден телефонски број
Повикот кон бројот 188 чини 5 денари (или 5,9 денари со вклучен 18% ДДВ).

За да можете да ги користите овие погодности треба да имате телефон со тонско бирање. Во спротивно системот двапати ги повторува инструкциите на Говорниот автомат, а потоа ви се јавува оператор да  ви ја достави бараната информација.

 


Македонски Телеком има објавено телефонски именик на Р. Македонија во печатена форма со податоци за:

  • Телефонски броеви во фиксната телефонија
  • Податоци за сопствениците на телефонските броеви
  • Повикувачки броеви за нумерациските подрачја во Р. Македонија
  • Специјални броеви на ниво на Р. Македонија
  • Дипломатски претставништва
  • Интернационални повикувачки броеви и тарифни групи
  • и друго
 
 
 
© Македонски Телеком правна напомена